Како што пренесува Би-би-си, преброени се околу 70 отсто од гласовите, а Трамп води со околу 10 отсто пред Ники Хејли. Поранешниот претседател има 54,4 отсто од гласовите, а Ники Хејли има 43,6 отсто
Доналд Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир, освојувајќи ја републиканската претседателска номинација по трет пат. Тој ја победи својата ривалка Ники Хејли во државата каде таа имаше најголеми шанси против него.
Асошиејтед прес и телевизиските мрежи ја прогласија победата на Трамп веднаш по затворањето на гласачките места, врз основа на раните резултати и излезните анкети. Иако досега гласаа само две држави, победата на Трамп на прелиминарните избори ја нагласи неговата доминација во партијата.
Како што пренесува Би-би-си, преброени се околу 70 отсто од гласовите, а Трамп води со околу 10 отсто пред Ники Хејли. Поранешниот претседател има 54,4 отсто од гласовите, а Ники Хејли има 43,6 отсто.
Во говорот откако се појавија првите проекции, Хејли инсистираше на тоа дека останува во трката, велејќи дека таа е „далеку од завршена“ и дека има „преостанати десетици држави“.
„Јас сум борец. Јас сум последната што остана во борбата против Доналд Трамп. Имаме уште долг пат да одиме, но продолжуваме”,
рече таа.
Во својот победнички говор, Трамп им рече на приврзаниците дека Хејли „имала многу лоша ноќ“ и дека „држела говор како да победила“ кога изгубила.
Бајден: Јасно е дека Трамп ќе биде републиканскиот кандидат
Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше победата на Трамп во Њу Хемпшир.
Тој рече дека е „јасно“ дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат во 2024 година.
„Сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. И мојата порака до земјата е дека влогот не може да биде поголем. Нашата демократија. Нашите лични слободи – од правото на избор до правото на глас. Нашата економија – која доживеа најсилно закрепнување од ковид-19 во светот. Се тоа е ставен на коцка“,
се наведува во реакцијата на Бајден во соопштението за медиумите.
Тој ги покани независните кандидати и републиканците „кои ја споделуваат нашата посветеност на основните вредности на нашата нација – нашата демократија, нашите лични слободи, економијата што на сите им дава фер шанса – да ни се придружат како Американци“.