ЈСП Скопје информира дека нивните автобуси и приватните превозници од утре, понеделник (27.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.
Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.