Во несреќата, според СВР Струмица, на самото место починал возачот на едно од четирите возила кои учествувале во сообраќајката. Јавен обвинител и екипа на гевгелиската полицијата вршат увид на местото, а патот е затворен за сообраќај и движењето на возилата се пренасочува преку селото Богородица
Едно лице го загубило животот во тешка сообраќајна несреќа што вчерва околу 19:45 часот се случила на патот Гевгелија – Богданци.

Во несреќата, како што соопшти портпаролката на Секторот за внатрешни работи Струмица, Александра Трајанова, учествувувале четири патнички возила.
„Во полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка ‘мерцедес’, ‘опел корса’ и ‘хјундаи’. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата“,
изјави Трајанова, пренесува МИА.
Увид на местото, додала таа, врши јавен обвинител и екипа на полициската станица во Гевгелија.
Од Центарот за управување со кризи соопштија дека според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК во Струмица, поради тешката сообраќајна несреќа, патот Гевгелија – Богданци е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.
Како што информираат од ЦУК, на местото на несреќа излегла екипа на гевгелиската Територијална противпожарна едница со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.