Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (18 јануари 2024 г.) од 22:20 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Нови докази за несериозен однос на раководството на М-НАВ кон обезбедувањето на радарската кула – по упадот на 4 јануари од приватната кичевска агенција „2 СС“ што го обезбедува објектот тврдеа дека чекаат да потпишат нов договор со државното АД; Сега М-НАВ објави договор на кој стои дека е потпишан на 29 декември 2023 г., а на него е потписот на оние што на 5 јануари 2024 г. тврдеа дека сè уште нема договор;
– Првите градежни активности на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатиштата, ги донесоа и првите проблеми: во гостиварските Горна и Долна Бањица се жалат дека им се експроприраат нивите од кои обезбедуваат за живот и тоа за смешна сума; во Прилепско, пак, група локални ентузијасти се борат локалитетот Црн Камен, за кој велат дека е од значење за светското природно наследство, да не заврши како тампон за новиот автопат;
– Мора ли да се одзема плодно земјиште во Гостиварско, води ли некој грижа за природниот потенцијал, колку пари досега се префрлени на „Бехтел и Енка“, ќе се оствари ли ветувањето дека ќе се направат јавни и трансакциите од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кое не е дел од „Отворени финансии“ – прашања во интервјуто со директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:20 часот на МРТ 1.