Според Јужноафриканската Република, Израел врши геноцид спротивно на правилата за војување
Израел ги прекрши обврските кон Конвенцијата за геноцид во војната против Хамас и треба да одговара за геноцид, смета Јужноафриканската Република, која побара од Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) итно да го обвини Израел за дејствувањата во Појасот Газа. Израел воопшто не се согласува со обвинувањата.
Минатиот месец јужноафриканските пратеници гласаа да се затвори израелската амбасада во Преторија и да се прекинат сите дипломатски односи додека на се договори прекин на огнот во Газа, каде што за време на војната се убиени десетици илјади цивили.
Во соопштението на јужноафриканското министерство за меѓународни односи и соработка (ДИРКО) се вели дека пријавата против Израел е поднесена денеска.
Во соопштението пишува дека ЈАР побарала од ИЦЈ да прогласи „на итна основа дека Израел ги крши своите обврски од Конвенцијата за геноцид“.
Од Меѓународниот суд на правдата се бара со привремена мерка да побара од Израел да ги прекине своите воени операции во Газа.
ЈАР со децении ја поддржува палестинската борба за државност во областите окупирани од Израел, поистоветувајќи ја позицијата на Палестинците со позицијата на црнечкото мнозинство во Јужноафриканската Република за време на апартхејдот, нешто што Израел жестоко го негира.
Ерусалим ја отфрли тужбата како беспредметна клевета без правна основа, тврдејќи дека се придржува до меѓународното право во својата војна во Газа.
„Јужноафриканската Република соработува со терористичка група која повикува на уништување на Израел. Населението на Газа не е непријател на Израел, а Израел се труди да не им нанесе штета на цивилите“,
се наведува во израелското соопштение.