Од Министерството за правда велат дека следните активности што треба да се преземат се да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи да се преведат на турски јазик, односно Основното јавно обвинителство да ги преведе своите, а Правда барањето за екстрадиција и потоа да бидат испратени по ДХЛ откако претходно ќе бидат испратени електронски преку Интерпол
Од надлежните турски власти, како што денеска информираат од Правда, е побарано Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката и оти очекуваат од Република Турција веднаш да постапи по нивното барање
Министерството за правда е во координација со сите засегнати институции за веднаш да се постапи и да не се чека до последен момент, односно до истекот на рокот од 40 дена, за да го достави барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Од Правда велат дека денеска во 9:20 часот до нив стигнало официјално известување од Интерпол дека Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница, е лишен од слобода во Турција.
„Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реализација. Направени се контакти со Јавното обвинителство на РСМ и со Основното јавно обвинителство Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција“,
се наведува во соопштението од Министерството за правда кое денеска беше испратено до медиумите.
Оттаму велат дека следните активности што треба да се преземат се да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи да се преведат на турски јазик, односно Основното јавно обвинителство да ги преведе своите, а Правда барањето за екстрадиција и потоа да бидат испратени по ДХЛ откако претходно ќе бидат испратени електронски преку Интерпол.
Од Министерството за правда велат дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката и очекуваат од Република Турција веднаш да постапи по нивното барање.
Кој е текот на постапката за екстрадиција
Од Министерството за правда во соопштението ја објаснуваат и законската постапка за екстрадиција.
„Министерството за правда постапува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава. Откако ќе се добие тоа известување кое најчесто стигнува од Министерството за внатрешни работи (МВР) – Секторот за меѓународна полициска соработка (СМПС) – Интерпол, се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница. Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција“,
објаснуваат од Министерството за правда.
Барањето за екстрадиција го потпишува министерот за правда или лице овластено од него, а потоа од Министерството велат дека комплет списите се праќаат до централниот орган кој најчесто е Министерство за правда на државата каде што е бараното лице.
„По завршување на постапката, пред странската држава се договара преземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи, канцелариите на Интерпол“,
се додава во објаснувањето од Правда.
Од Министерството за правда велат дека за сите активности навремено ќе информираат и апелираат секоја информација да се провери и да не се шират дезинформации за случајот со двојното убиство.
Палевски е уапсен вчера во близина на турскиот град Баликесир откако по него беше распишана меѓународна потерница.
Информацијата за апсењето на Палевски и деталите синоќа на прес-конференција ги изнесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски пред новинарите ја покажа потврдата од турските власти дека е уапсено лицето кое се бара по потерница од македонската полиција, распишана преку Интерпол.
Покрај потврдата, тој покажа и фотографии од Палевски направени по неговото апсење.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерот ја објасни, односно даде реконструкцијата на траекторијата на движење на првоосомничениот за грозоморните убиства по напуштањето на С Македонија.