Кирби рече дека претседателот и неговите службеници остануваат длабоко вклучени во напорите да ја вратат паузата во борбите

САД работат со Израелците за да овозможат повторна достава на помош во Газа, но и Хамас треба да ја одигра својата улога, рече портпаролот на американскиот Совет за безбедност Џон Кирби на брифинг за медиумите.
Кирби го обвини Хамас за неуспехот на двете страни да го продолжат хуманитарното примирје во палестинската енклава, кое траеше една недела. Со тоа тој го повтори ставот на државниот секретар Ентони Блинкен. Тој рече дека САД се уште работат на враќањето на хуманитарната пауза во Газа. САД сакаат да продолжи доставата на помош во Газа што е можно поскоро, но Кирби рече дека Хамас треба да даде список на заложници што треба да бидат ослободени – нешто што, како што вели, групата не го направила до крајниот рок.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, разговаваше со новинарите за крајот на прекинот на огнот, обвинувајќи го Хамас дека не доставил нов список на заложници што треба да се ослободат.
Кирби рече дека претседателот и неговите службеници остануваат „длабоко вклучени“ во напорите да ја вратат паузата во борбите.
Кирби додава дека никаква помош не е влезена во Газа откако заврши паузата, а луѓето што најмногу страдаат поради тоа се луѓето од Газа, Палестинците.
„Затоа, ако Хамас навистина се грижи за Палестинците, како што тврди, ќе направи се што треба за да состави список на заложници што би биле разменети, за помошта да продолжи да тече“,
додава Гутереш.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, беше прашан дали продолжувањето на воената операција на Израел во Газа е во согласност со барањата од САД да се води повеќе сметка за цивилните жртви.
Неговиот одговор беше дека нема да ги коментира нивните операции.
„Тие треба да зборуваат за своите операции. Тие се суверена држава. Тие самите носат одлуки. Тие ги пишуваат овие планови, ги спроведуваат, и тие треба да зборуваат за нив. Тоа што можам да го кажам е дека ние бевме јасни и доследни уште од почетокот за тоа дека сите треба да се придржуваат до законите на војната и дека треба да ги минимизираат цивилните жртви, и да направат се што можат во утврдувањето цели за напад за тоа да биде прецизно и внимателно. И, како што кажа и секретарот Блинкен, можеме да видиме дека тие ја примија таа порака“,
додава Кирби.