Во објавата се споделени сите информации – околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија
Грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот фејсбук-профил објави пост за исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, јави дописничката на МИА од Атина.
Во објавата се споделени сите информации – околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Паралелно, заедно со информациите е споделена и фотографија.
„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меќу активностите е и Амбер алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош.
Четири дена трае потрагата по исчезнатото девојче од Скопје откако во понеделникот нејзината мајка објави дека е исчезната. Како што соопштија од полицијата, истрагата за пронаоѓање на 14-годишната Вања продолжува интензивно, а на барање на МВР, по девојчето е распишана и меѓународна потерница од страна на Интерпол.

Портретната фотографија и описот на девојчето од вчера се објавени на веб-страницата на МВР во регистарот на исчезнати лица, а фотографии од девојчето масовно се споделуваат и на социјалните мрежи со надеж дека ќе придонесат кон нејзино побрзо пронаоѓање.