Од седум члена, тројца се ревизори, двајца од ДКСК, една судијка и еден од ревизорско тело

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во Антикорупциската комисија Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на комисијата за борба со корупцијата.
Овие личности по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК. Ранг-листата со нивните бодувања беше објавена пред полноќ. За да станат членови на ДКСК нив потоа треба да ги изгласаат пратениците на пленарна седница, објави денеска „Призма“.
Целиот текст може да се прочита на следниот ЛИНК.