Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент. Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното уште при формирање на коалицијата, вели Бујар Османи

Нема простор за промена на моделот на пржинска влада на овие избори, преблиску сме за да ги смениме правилата на игра во последен момент, рече денеска министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.
Според него, за овие избори не може да има промени на моделот, а многу е важно и на претстојната лидерска средба во декември да се постигне консензус дали изборите ќе се одржат споено или одвоено.
Како што истакна Османи на брифинг со новинарите, во ДУИ сè уште нема одлука кој би бил премиер во техничката влада и тоа најверојатно ќе се реши во почетокот на декември.
На прашањето дали за следните избори ДУИ би се согласила да се смени пржинската влада, партискиот потпретседател одговори дека засега нема таква одлука.
Нема одлука во ДУИ. Но, како потпретседател на партија, јас би се согласил за наредните избори да се повлече пржинската влада, но не на овие избори. Едноставно сме преблиску за да ги смениме правилата на игра во последен момент. Сега, на овие избори, продолжуваме со истите правила на игра согласно договореното уште при формирање на коалицијата“,
дециден е Османи.
