На новинарското прашање кои се причините што не се пријавуваат рецензии министерот одговори дека едната причина се забелешките за содржинскиот дел на избраниот учебник за петто одделение, како и забелешката за спојувањето на двата предмети, историја и општество, во еден
Учебниците по историја за петто и шесто одделение, односно ракописите се добри и квалитетни и очекуваме рецензии, рече денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири за време на денешната посета на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, според информациите што ги добил од Педагошката служба.

Ракописите за учебниците по историја за петто и шесто одделение се веќе доставени до Министерството, истакна Шаќири и ги повика професорите кои имаат забелешки за учебниците по историја, општество или за спојувањето на предметите да се вклучат во изработката на рецензијата на тие учебници.
По добивањето на рецензиите, најави ресорниот министер дека се надева дека во рок од 30 дена ќе заврши целата постапка и изработените учебници ќе бидат кај учениците.
„Ме радува и фактот дека кога дискутираме за одредени учебници, професорите кои имаат забелешки имаа подготвителни материјали кои веќе се објавени. Тие што имаат дискусија за програмата на тие предмети нека прават споредба на подготвителните материјали за темите кои се учат во тој предмет, за да се вклучат во процесот, а исто така учениците моментално имаат подготвителни материјали кои се подготвени од страната на Бирото за развој и се според учебната програма“,
истакна тој.
На новинарското прашање кои се причините што не се пријавуваат рецензии министерот одговори дека едната причина се забелешките за содржинскиот дел на избраниот учебник за петто одделение, како и забелешката за спојувањето на двата предмети, историја и општество, во еден.
„Сега имаме ракопис за тој учебник и мислам дека од една фаза не треба да има причина заради тоа што претходно имаше пријавени рецензии и сега треба истото да биде“, и
стакна министерот и ги повика професорите да се вклучат како рецензенти и јавно да ги кажат забелешките на тие теми.
Инаку, во однос на учебникот Историја и општество за петто одделение, кој во мај беше повлечен од настава поради грешки во содржината, министерот минатиот месец изјави дека бил формиран нов авторски тим, но, исто така, посочи дека во завршна фаза е ракописот за Историја за шесто одделение.
Проблем за нив е немањето рецензенти.
„МОН неколку пати се обраќа до факултетите да достават рецензентска комисија и претседател за и тие учебници да бидат готови. Се работи за технички фактор – пријавување на рецензенти. Секојдневно комуницираме со универзитетите за професори да се вклучат во рецензентските тимови. Мислам дека за брзо време Педагошката служба ќе извести и сигурен сум дека и за тие учебници ќе има рецензенти и ќе бидат завршени“
,додаде Шаќири.
На прашање во врска со ситуацијата на учениците од шесто одделение од основното училиште „Његош“ во Јурумлери, министерот истакна дека родителите на децата кои учат на албански јазик во комуникација со Министерството донеле одлука да се запишат во друго училиште за да продолжи нивната настава, но нагласи и дека МОН вети дека ќе продолжи дискусијата со училиштето за решавање на проблемот.