Два извори запознаени со преговорите за примирје за АФП изјавиле дека нацрт-договор вклучува петдневно примирје, кое опфаќа прекин на огнот на теренот и ограничувања на израелските воздушни операции над јужниот дел на Газа. За возврат, меѓу 50 и 100 затвореници држени од Хамас и „Исламски џихад“ – посебна палестинска милитантна група – ќе бидат ослободени. Тие ќе вклучуваат израелски цивили и заробеници од други националности, но не и воен персонал
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, утрово изјави дека се блиску до постигнување на договор за примирје со Израел, додавајќи дека групата го доставила својот одговор до катарските власти, пренесуваат светските медиуми.
Преговорите за постигнување договор меѓу двете завојувани страни, посредувани од САД и Катар, за ослободување на заложниците што Хамас ги киднапира во нападот врз Ирзаел на 7 октомври изминативе неколку дена е во фокусот на јавноста.
Функционерот на Хамас, Изат ел Решик, за Ал Џезеира изјавил дека тековните разговори се однесуваат за постигнување договор што ќе трае неколку дена и ќе вклучи аранжмани за влез на помош во Газа и размена на заложници земени од Хамас за луѓе затворени од Израел.
Тој рекол дека договорот ќе вклучува ослободување израелски жени и деца од Газа во замена за палестинските жени и деца од „окупациските затвори“, пренесува „Гардијан“.
Ел Решик рекол дека договорот ќе го објави Катар.
Два извори запознаени со преговорите за примирје за АФП изјавиле дека нацрт-договор вклучува петдневно примирје, кое опфаќа прекин на огнот на теренот и ограничувања на израелските воздушни операции над јужниот дел на Газа.
За возврат, меѓу 50 и 100 затвореници држени од Хамас и „Исламски џихад“ – посебна палестинска милитантна група – ќе бидат ослободени. Тие ќе вклучуваат израелски цивили и заробеници од други националности, но не и воен персонал.
Катарскиот премиер во неделата рече дека договорот за ослободување на некои од заложниците во замена за привремен прекин на огнот зависи од „ситни“ практични прашања.
Во понеделникот, американскиот претседател Џо Бајден рече дека верува оти договорот за ослободување на заложниците е блиску.
„Верувам дека е така“,
рече Бајден на прашањето дали е блиску договор за заложници, прекрстувајќи ги прстите на десната рака во знак на надеж.
Белата куќа соопшти дека преговорите се во „крајна фаза“, но одби да даде дополнителни детали велејќи дека тоа може да го загрози успешниот исход.
Создавање на независна палестинска држава е најдобриот начин да се гарантира безбедноста на Израел, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел, кој вчера преку видеоконфенециска врска ги информираше министрите за надворешни работи на Унијата по неговата турнеја на Блискиот Исток кон крајот на минатата недела.
„Најдобрата гаранција за безбедноста на Израел е создавањето палестинска држава“,
рече Борел и додаде дека ова е фундаментален политички заклучок од неговите разговори во регионот.
Тој, како и американскиот претседател Џо Бајден, неколку дена претходно, рече дека Израел не треба да окупира Појасот Газа по војната и дека контролата над него треба да биде предадена на палестинските власти. Борел посочи дека и покрај огромните предизвици, неопходно е да се размислува за стабилизација на Газа и за идната палестинска држава.
„Краткорочно, во регионот постои чувство на итност поради очајната хуманитарна ситуација во Појасот Газа“,
рече Борел по турнејата низ голем број арапски земји.
Debriefed EU ministers about my high-level exchanges in Israel, Palestine, Bahrain, Qatar & Jordan
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) November 20, 2023
2 main takeaways:
1) absolute urgency, particularly due to the dramatic humanitarian crisis in Gaza & need to release hostages
2) shared objective to work towards a lasting peace pic.twitter.com/yfFt3hFdgP
Тој ја опиша како „голем чекор напред“ резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итна хуманитарна пауза на палестинската територија, но во исто време повика на нејзино брзо спроведување.
Шефот на европската дипломатија изрази загриженост и за „експлозивната ситуација“ на Западниот брег на реката Јордан.
„Со оглед на порастот на насилството од (еврејските) екстремисти и доселеници против Палестинците, постои реален ризик ситуацијата да ескалира“,
предупреди тој.
Што се однесува до случајот со заробениот танкер „Галакси лидер“ (Galaxy Leader) во Црвеното Море, Борел коментира дека извештаите за киднапиран брод од Хутите сè уште еден алармантен знак за ризикот од ширење на конфликтот низ целиот регион.