Како што пишува порталот „Сдк.мк“, седницата завршила со расправии меѓу советниците на Демократската унија за интеграција, советниците на БЕСА и на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите на порталот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ први ја напишале седницата, а потоа истата ја напуштиле и советниците на ДУИ, по што поради немање кворум претседавачот на Советот Бесар Дурмиши ја затвори расправата и вонредната седница завршила
Поставувањето на 15-метарски крст во манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка предизвика остри рекации во јавноста.
Попладнево беше најавено дека ќе се одржи вонредна седница на Советот на општина Тетово, со поставена само само една точка на дневниот ред, за „Информација за поставување крст на Попова Шапка“.
Како што пишува порталот „Сдк.мк“, седницата завршила со расправии меѓу советниците на Демократската унија за интеграција, советниците на БЕСА и на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите на порталот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ први ја напишале седницата, а потоа истата ја напуштиле и советниците на ДУИ, по што поради немање кворум претседавачот на Советот Бесар Дурмиши ја затвори расправата и вонредната седница завршила.
Претходно ДУИ жестоко реагираше на поставувањето на 15-метарски крст во Туристичкиот центар „Попова Шапка“ и бара одговорност од општина Тетово што го дозволила овој скандал.
„Дали поставувањето на овој крст е нешто претходно договорено меѓу Беса на Билал Касами и ВМРО-ДПМНЕ, услуга чувана во тајност од граѓаните за помошта што ВМРО и ја понуди на Беса на локалните избори за општина Тетово? Нереакција на општината и тенденцијата сето ова да помине во молк, доволно говори за договорот меѓу ВМРО и Беса. Но, тетовчани не молчат, нема да молчиме ниту против овој скандалозен пазар! Групата советници на ДУИ во општина Тетово веќе побараа појаснување по ова прашање од првиот човек на општина Тетово,
се вели во соопштението на ДУИ.
Според ДУИ, поставувањето на крстот е сериозна провокација која ги нарушува вредностите на социјална кохезија и бара од институциите во државата да ги преземат сите неопходни институционални мерки за негово отстранување од Попова Шапка и казнување на оние кои дозволиле такво нешто.
Општина Тетово испрати соопштение до јавноста во кое вели дека општинските инспектори биле на терен за да ја проверат фактичката состојба и да извршат проценка, според која ќе бидат преземени законски мерки за гарантирање на целосно спроведување на правилата и процедурите.
„Општина Тетово сака да даде појаснување околу поставениот крст на Попова Шапка. Истиот е поставен без соодветна дозвола. Општина Тетово во овој случај ќе ги почитува сите законски процедури, како што тоа го правеше и досега“,
велат од Општина Тетово.
Од црковниот одбор при манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка информираат дека крстот е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.
„Крстот не е поставен на државен имот. Крстот е поставен на црковно земјиште, како верско обележје и претставува урбана опрема“,
информирал Богосав Божиновски, член на црковниот одбор.
За случајот реагираше и ВМРО-ДПМНЕ.
„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи итна седница по повод притисоците на институциите предводени од ДУИ и СДСМ насочени кон кршење на Уставот и правото со кое се гарантира слободата на вероисповеста и изразување на верата на Македонците во Тетово. Сметаме дека неовластеното и спротивно на закон присуство на бројни државни институции во црквата Свети Наум Охридски на Попова Шапка е директен притисок насочен кон создавање на тензии помеѓу граѓаните“,
се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.
Црквата на „Попова Шапка“ е изградена во 1993 година.