Маричиќ нагласи дека пораките од ЕУ, кои претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги донела во Скопје, се јасни, дека имаме перспектива да одиме напред, дека имаме многу добра основа за развој, а планот за раст е во таа насока, скрининг-процесот е на крај
Наша обврска останува донесувањето на уставните измени. Не може да избегаме, колку и да одлагаме и поместуваме. По изборите и по не знам кои избори, таа обврска ќе остане. Ќе работиме до последен ден од овој собраниски состав за обезбедување на 80 пратеници и мислам дека сите пратеници, пратенички групи и политички партии треба да се свесни за својата одговорност, изјави во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ
Маричиќ нагласи дека пораките од ЕУ, кои претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги донела во Скопје, се јасни, дека имаме перспектива да одиме напред, дека имаме многу добра основа за развој, а планот за раст е во таа насока, скрининг-процесот е на крај.
„Ако сакаме да продолжиме понатаму, треба да ги завршиме обврските со уставните измени“,
нагласи Маричиќ, додавајќи дека уставните амандмани содржински никој не ги оспорил, па дури ни ВМРО-ДПМНЕ, но ги оспоруваат само заради свои политички поени, што скапо ќе ја чини државата.
Маричиќ рече дека не треба да се пропуштаат шансите за зачленување во ЕУ.
„Дали навистина вреди сами себе да се блокираме, да се оттргнеме од групата на држави што преговараат, бидејќи една политичка структура смета дека не треба на досегашните 6-7 заедници, да имаме уште 4-5 заедици, меѓу кои и Бугарите во Уставот, со што конечно политички гледано ќе ја затвориме онаа теза што дел од бугарската политички сцена ја пласира дека сме еден народ во две држави и јасно ќе направиме дистинкција. Сите ќе отидат напред, а ние ќе останеме во место, а тоа во принцип е назадување, зошто 2030 е година кога ќе има нови членки на ЕУ, меѓу нив сигурно ќе бидат Молдавија и Украина, а кои балкански држави ќе бидат во таа група зависи од нивниот перформанс, однесување и работа во меѓувреме, а зошто Македонија да не биде меѓу нив. Имаме доволно лоши искуства да се надеваме дека времето работи за нас, дека некој друг ќе ни го реши проблемот дека проблемот ќе замине ако го игнорираме“,
истакна вицепремиерот за европски прашања.
Маричиќ нагласи дека основниот страв на најголемата опозициска партија е губењето политички поени, „но ако се одеше по логиката на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да бидеме членка на НАТО, а сите се свесни колкава ќе беше опасноста во време на војна во Украина и Блискиот Исток да бидеме надвор од НАТО“.
„Кај ВМРО-ДПМНЕ постои една лажна надеж дека може повторно да се преговара околу францускиот предлог. Илузија е дека тој процес може да се преотвори. Тие не ја разбираат или не сакаат да ја разберат ситуацијата и се плашат да изгубат политички поени, но и по изборите обврската останува“,
рече Маричиќ.
Маричиќ нагласи дека сите треба да бидат свесни што нè очекува, ако сами себе се блокираме, ако се оттргнеме од групата држави што преговараат.
Сите ќе отидат напред, а ние ќе останеме во место, а тоа во принцип е назадување, зошто 2030 е година кога ќе има нови членки на ЕУ, меѓу нив сигурно ќе бидат Молдавија и Украина, а кои балкански држави ќе бидат во таа група зависи од нивниот перформанс, однесување и работа во меѓувреме, а зошто Македонија да не биде меѓу нив. Имаме доволно лоши искуства да се надеваме дека времето работи за нас, дека некој друг ќе ни го реши проблемот дека проблемот ќе замине ако го игнорираме, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
„Владата е стабилна“
Според Маричиќ, Владата е стабилна, а тоа го потврдиле и министерот за правда Кренар Лога и Алијансата за Албанците.
„Не се доведува под прашање нивното учество во Владата и тоа е добро бидејќи оваа влада има зацртани цели и јасна мисија до крајот на мандатот“,
дециден беше тој.
Маричиќ оцени дека сите коалициски партнери се на иста страна, „дури и кога има различни мислења и потреба од повеќе дискусија за одредени прашања“.