„Како човечки суштества, не може да ги прифатиме убивањата што се случуваат, да го гледаме постојаното губење животи. Како може да оправдаме убивање на 9 000 луѓе, 3 700 деца, уништување на 150 000 дома, руинирањето болници… како може да го наречеме тоа самоодбрана?“
Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади ги повика сите страни кои имаат влијание во конфликтот помеѓу Израел и Хамас да ја стопираат катастрофата, за која рече „ќе го прогонува регионот неколку генерации“. Изјавата ја даде за време на заедничката прес-конференција во Аман со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри.
„Треба постојано да се потсетуваме на хуманоста. Треба да прифатиме дека убивањето што повеќе луѓе нема да ги врати назад покојните од двете страни, колку и да се трагични загубите“,
изјави Сафади.
Тој потенцира дека секој што има влијание треба да го искористи за да се спасат животите на милиони луѓе.
„Како човечки суштества, не може да ги прифатиме убивањата кои се случуваат, да го гледаме постојаното губење животи. Како може да оправдаме убивање на 9 000 луѓе, 3 700 деца, уништување на 150 000 дома, руинирањето болници… како може да го наречеме тоа самоодбрана?“,
рече јорданскиот шеф на дипломатијата.
Според него, постои опасност доколку сè уште трае конфликтот, дека сите ќе западнат во бездната на омразата, а убивањето ќе стане прифатлива работа.
Овие изјава доаѓа во време кога меѓународната заедница зема поголема иницијатива за заштита на цивилите во Палестина и кога премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е под засилен притисок да ја калкулира воената офанзива врз Хамас во Газа во насока на спречување хуманитарна катастрофа.