За разлика од овие, претседателот на Српската радикална странка најави независен настап на неговата партија на парламентарните избори во Србија кои заедно со локалните ќе се одржат на 17 декември велејќи дека помеѓу двете партии постојат разлики на републичко ниво и затоа на овие избори ќе се оди со посебни листи
Претседателот на ултранационалистичката Српска радикална странка (СРС) и хашки осуденик Воислав Шешељ најави дека неговата партија ќе настапи заедно со матичната партија на претседателот Александар Вучиќ, Српска напредна странка (СНС), на локалните избори во земјата.
„Имав разговори со Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и Дарко Глишиќ и се договоривме СРС да коалицира со СНС на изборите во Белград и на општинските и градските избори во внатрешноста на Србија“,
изјави Шешељ за ТВ Хепи.

За разлика од овие, Шешељ најави независен настап на неговата партија на парламентарните избори во Србија кои заедно со локалните ќе се одржат на 17 декември велејќи дека помеѓу двете партии постојат разлики на републичко ниво и затоа на овие избори ќе се оди со посебни листи.
„Но, ако е неопходна поширока коалиција на републичко ниво, ако прогресивците не можат сами да формираат влада или не можат заедно со социјалистите, тогаш ние сме подготвени да влеземе во владата со нив. Сигурно никогаш нема да го направиме тоа со прозападната опозиција“,
додава Шешељ.
Српската напредна странка (СНС), која до мај годинава го имаше Александар Вучиќ за свој лидер, беше основана по одвојувањето од Српската радикална странка (СРС) во 2008 година.
Српскиот претседател Вучиќ денеска го распушти Народното собрание и распиша вонредни парламентарни избори за 17 декември. Еден час претходно и претседателот на српскиот парламент Владимир Орлиќ распиша локални избори за 17 декември.