Следете го во живо пречекот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред Владата. По пречекот со највисоки државни и воени почести, Фон дер Лајен ќе има средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски
Според агендата за официјалната посета на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен на земјава, веднаш по тет-а-тет средбата со премиерот Ковачевски, ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Во составот на македонската делегација ќе бидат и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество.
Фон дер Лајен е во официјална посета на С Македонија. Претседателката на ЕК од Скопје ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.