Два пиштола, муниција, кеса со тревеста материја, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашеста материја пронајде полицијата при претрес во тетовска Мала Речица.

„По претходно преземени мерки и активности, вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, извршиле претрес на дом и други простории кај лицата А.Џ. (25) и Ф.Џ. (26) двајцата од Мала Речица, при што биле пронајдени еден пиштол ‘застава’ кал. 7,62 мм со една рамка со два куршума, еден пиштол ‘зораки 917-Т’ со рамка без муниција, 23 куршуми разновиден вид и калибар, 35 куршуми кал. 7,62 мм, една кеса со тревеста материја, една дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашеста материја“,
информира МВР.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Кривичниот законик.
