Копнените сили на израелската армија извршија упад на територијата на Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти армијата, пред очекуваната копнена офанзива на густо населената палестинска територија
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека еднонеделната офанзива што неговата земја ја започна како одговор на нападот на Хамас минатата сабота е „само почеток“, иако тој не објасни што би можело да се случи следно или колку долго би можело да трае.
„Ќе го уништиме Хамас и ќе победиме, но за тоа ќе биде потребно време“,
рече тој во вечерашното обраќање до нацијата.
Тоа е првпат Нетанјаху да ѝ се обрати на нацијата на овој начин на Шабат, денот за одмор.
„Нашите непријатели само што почнаа да ја плаќаат цената. Не можам да откријам што е следно, но ви велам дека тоа е само почеток. Ги удираме нашите непријатели со невидена сила“,
рече Нетанјаху во телевизиската изјава.
Копнените сили на израелската армија извршија упад на територијата на Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти армијата, пред очекуваната копнена офанзива на густо населената палестинска територија.
Израелската војска ги повика цивилите во Газа, повеќе од еден милион луѓе, да се движат кон југ во рок од 24 часа додека тенковите се собираат пред очекуваната копнена инвазија како одговор на нападот на Хамас од минатата сабота.