Израелската војска ги повика цивилите во Газа, повеќе од еден милион луѓе, да се движат кон југ во рок од 24 часа додека тенковите се собираат пред очекуваната копнена инвазија како одговор на нападот на Хамас од минатата сабота
Копнените сили на израелската армија извршија упад на територијата на Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти армијата, пред очекуваната копнена офанзива на густо населената палестинска територија.
„Во текот на последните 24 часа, израелските армиски сили спроведоа локализирани операции на територијата на Појасот Газа за пронаоѓање терористи и оружје“,
се вели во соопштението.
Во текот на овие операции беше направен обид да се „пронајдат исчезнати лица“, додаваат од армијата.
Израелската војска ги повика цивилите во Газа, повеќе од еден милион луѓе, да се движат кон југ во рок од 24 часа додека тенковите се собираат пред очекуваната копнена инвазија како одговор на нападот на Хамас од минатата сабота.
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI