Косовските власти ги затворија премините „Јариње“ и „Брњак“ по конфликтот во Бањска на 24 септември, во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција

По десетдневна блокада, утрово за сообраќај целосно е отворен преминот „Брњак“, потврди за српските медиуми заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Тој додаде дека преминот „Јарињ“е сè уште е затворен.
„Од 8 часот утрово ‘Брњак’ е целосно отворен, ‘Јариње’ сè уште не бидејќи теренот сè уште се контролира“,
рече тој.
Косовските власти ги затворија премините „Јариње“ и „Брњак“ по конфликтот во Бањска на 24 септември, во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција.
Одговорноста за конфликтот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој вчера беше уапсен и сослушан во Белград.
Но, косовскиот премиер Албин Курти тврди дека Радоичиќ е само извршител зад сцената, а нападот во Бањска го наредил српскиот претседател Александар Вучиќ, додека властите во Белград категорично негираат вмешаност во вооружениот конфликт на северот на Косово.