Тој изјави дека „Србија ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дела“ и дека „обвинителството ќе си ја заврши работата“. Тој тврди дека Милан Радојчиќ, водачот на напаѓачите за време на неодамнешниот напад на косовската полиција, е „достапен за нашите власти“, но дека „корените на проблемот се во тоа што Србите се нападнати и мора да се бранат“
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва даде интервју за американскиот Си-ен-ен. Интервјуто го водеше познатата новинарка Кристијана Аманпур.
Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ рече дека „Србија секогаш ги почитува сите извештаи на Белата куќа и другите американски институции“ и додаде дека „новиот извештај не е целосно точен“. Да потсетиме, Вашингтон неодамна предупреди дека Србија ја собира војската во близина на границата со Косово по нападот во кој минатата недела беа убиени косовски полицаец и тројца српски напаѓачи.
In my exclusive interview, I ask Serbian President @avucic if he has now pulled back “artillery, tanks and mechanized infantry” after being accused by the US of an “unprecedented” troop buildup on its border with Kosovo. Kosovo President @VjosaOsmaniPRKS joins me tomorrow. pic.twitter.com/RJXMc1yvYf
— Christiane Amanpour (@amanpour) October 2, 2023
Вучиќ на новинарката ѝ го спомна „договорот со НАТО според кој Србија може да има војници во зоната блиску до административниот премин со Косово“.
„Во 2001 година потпишавме договор со НАТО за пристап до копнената безбедносна зона и беше договорено да ја користиме армијата без никакви ограничувања. Сега имаме 4 400 војници во зоната и тоа е нормално“,
рече Вучиќ, додавајќи дека „армијата ја следи ситуацијата на теренот“ и дека силите се преместени за да бидат „најкорисни“.
„Сакаме поголемо присуство на КФОР на северот на Косово“
Тој рече дека немало причина за загриженост и дека на Србија не и треба конфликт со НАТО, туку обратно.
„Сакаме поголемо присуство на КФОР на северот на Косово. Ова е еден од начините за зголемување на безбедноста на српскиот народ на Косово“,
рече тој.
Тој додаде дека борбената готовност на армијата не е подигната во близина на административната линија.
„Но, јас дури и не потпишав повисоко ниво на тревога. Бројот на луѓе не беше ни поголем од 60 отсто, што обично е на административна линија. Србија е последната земја на која ѝ беа потребни инциденти во Косово поради динамиката на дијалогот “,
изјави Вучиќ.
„Радојчиќ им стои на располагање на нашите власти, но коренот на проблемот е што Србите се на удар“
„Сите видоа дека Србија е конструктивен партнер, а другата страна не направи ништо, туку постепено етничко чистење на Србите од Косово. Откако Курти дојде на власт, на Косово има 10 отсто помалку Срби, имаше повеќе од 420 напади врз нашите луѓе на северот на Косово“,
рече Вучиќ.
Тој изјави дека „Србија ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дела“ и дека „обвинителството ќе си ја заврши работата“. Тој тврди дека Милан Радојчиќ, водачот на напаѓачите за време на неодамнешниот напад на косовската полиција, е „достапен за нашите власти“, но дека „корените на проблемот се во тоа што Србите се нападнати и мора да се бранат“.
„Зборував за коренот на проблемот, но вие не сакате да го слушнете. Србите сакаа да се заштитат. Јас нема да го бранам убиството на албанскиот полицаец, го осудувам. Но Србите се уапсени без никакви обвиненија , исфрлени од нивните куќи, ништо од тоа не беше во согласност со меѓународното право и со Бриселскиот договор. ЗСО се уште не е формирана. Албанскиот режим во Приштина не сакаше да го спроведе, а народот сакаше да се брани“,
додаде Вучиќ.
„Луѓето сакаат да се бранат“
Тој на новинарката ѝ рече дека не го следи она што ЕУ го известила по средбите со Приштина и дека „сите меѓународни претставници рекле дека Србија е конструктивна“.
„Луѓето сакаат да се бранат. Не можете да имате различни пристапи во 1989, 1999 и 2023 година. Дијалогот е единственото решение. Србија беше целосно конструктивна по последните разговори во Брисел“,
тврди Вучиќ.
Ali kada ispred sebe ima pravog novinara čiji zadatak nije da mu se ulizuje i postavlja unapred nameštena pitanja. Neprocenjivo. pic.twitter.com/DHhKHWCoGG
— Broj Jedan (@Broj__Jedan) October 2, 2023
Српскиот претседател нагласи дека мора да го почитува српскиот Устав, дека ништо не криел и се кажувал во лице.
„Секогаш ја кажував вистината. Сакавме да спроведеме се што договоривме, но Приштина не сакаше. Сега одеднаш имаме инциденти во кои за се ја обвинуваме Србија. За време на владата на Курти убиен е еден Албанец, тројца Срби, 10 Срби се ранети“,
изјави Вучиќ.
Тој додаде дека Србија е секогаш подготвена да преговара.
„Отсекогаш сме биле конструктивни и ќе бидеме такви и во иднина. Мора да знаете дека сите во ЕУ разбраа дека Приштина не е подготвена да формира ЗСО. Тоа е најголемата пречка и тие сакаат да продолжат со постепената етничко чистење на Србите од Косово. Подготвени сме да разговараме за сите проблеми. Верувам дека мирот е најдобар интерес на Србија и на целиот регион“,
рече Вучиќ.
На прашањето, дали го поддржува она што Новак Ѓоковиќ го напиша пред камера во мај оваа година (Косово е Србија, престанете со насилството), Вучиќ рече:
„Верувам дека Новак Ѓоковиќ кажа нешто од се срце. 99 отсто од Србите веруваат во тоа. Ние политичарите мора да бидеме прагматични и да наоѓаме решенија преку дијалог“.