Како што информираат од партијата, Мицкоски во рамките на кампањата неделно ќе има по две теренски посети на општини во рамките на кои ќе се сретне со голем број целни групи и граѓани, а во текот на неделата се предвидени и по две дебати во различни општини. Покрај писменото соопштението, како најава за кампањата од партијата споделија и видеоматеријал од состанок одржан во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, со обраќање на лидерот Христијан Мицкоски. Видеото е од средбата што Мицкоски денеска ја одржал со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери
Мицкоски во обраќањето вели дека со кампањата воведуваат нов пристап, односно во директен контакт со граѓаните да ги слушнат нивните проблеми и врз основа на тоа потоа да ја подготват програмата за следните парламентарни избори
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение информира дека од утре почнува со теренска кампања насловена „Важно е! Од тебе зависат промените!“

Концептот на кампањата, како што информираат од партијата, ќе биде во два дела.
„Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Исто така ќе се одржат и по две дебати во текот на неделата во различни општини“,
се наведува во соопштението.
Покрај писменото соопштението, како најава за кампањата од партијата споделија и видеоматеријал од состанок одржан во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, со обраќање на лидерот Христијан Мицкоски.
Инаку, видеото е од средбата што Мицкоски денеска ја одржал со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери.
Мицкоски на почетокот од видеото информира дека кампањата ќе почне од Охрид со дебата со туристички работници и на која, меѓу другото, ќе се дискутира и за влијанието на сè уште недовршениот проект за автопатот Кичево – Охрид врз туризмот.
Политичките пораки кои ќе бидат упатени, вели лидерот на опозициската партијата ќе се однесуваат на тоа дека сега е важно сите да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе посетиме уште неколку други локации. Денот ќе го завршиме со мини-митинг. Политичките пораки, коишто треба да ги упатиме се дека сега е важно сите да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, дека е важно да направиме разлика помеѓу вистинската опозиција ВМРО-ДПМНЕ којашто се бори против владата на СДСМ и ДУИ и оние нивни слуги и измислени опозиционери коишто во суштина се нивни тивки коалициски партнери. Важно е дека сега е моментот секој од нас да се вклучи во овој процес и важно е секој да верува дека од него зависи и дека не се сите исти“,
вели Мицкоски на состанокот со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери.
Мицкоски во обраќањето вели дека со кампањата воведуваат нов пристап, односно во директен контакт со граѓаните да ги слушнат нивните проблеми и врз основа на тоа потоа да ја подготват програмата за следните парламентарни избори.
„Важно е дека не смееме да дозволиме да завладее апатија, да ги обесхрабрат граѓаните, демотивираат под паролата – ‘Кој и да дојде работата ќе остане иста’. Не е така. Многу е различно. Ние сме народна партија, коалицијата комплетно ќе биде дел од оваа кампања иако ВМРО-ДПМНЕ ја организира. Ќе воведеме нов пристап да директно од терен ги слушнеме проблемите, да понудиме решенија, а и да имаме непосреден контакт со граѓаните, да ги упатиме политичките пораки – колку е важно овој пат секој од нив да земе учество во рушењето на оваа влада на СДСМ и ДУИ и ќе ги локализираме практично проблемите со коишто тие различни целни групи, здруженија и граѓани се соочуваат. И врз основа на тие проблеми потоа ќе треба ние во нашата програма за следните парламентарни избори коишто ќе бидат за неколку месеци од денес да понудиме решенија кои нормално се возможно да бидат реализирани понатаму“,
вели Мицкоски.
Во однос на кампањата што опозициската партија ја почнува утре во писменото соопштение се наведува дека Македонија се наоѓа на крстосница и оти изборот е повеќе од јасен.
„Или ќе продолжи бездушната апатија која како вител ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите. Тука не се работи само за националните деградирања, обезличувањата, колективните срамови, ударите по достоинството, честа и сиромаштијата – туку и навредата на интелигенцијата на секој човек. Обидите да поверувате дека ништо не зависи од вас кога се е во вашите раце, да мислите дека личноста не може ништо кога вие можете се’. Состојбата е тешка и многу лоша. Економијата е на колена. Здравството произведува смрт, а тие што го водат заработуваат од смртта. Правдата е изгубена, а судот е заробен во канџите на врхушката од власта. Истите судии од истите тефтери продолжуваат да ја покажуваат својата сервилност. Само газдите се различни. Земјоделството е во хаос! Бизнисот е под удар на политичкиот криминал на власта“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжувајќи во истиот контекст, од партијата велат дека се е во стагнација, обвинувајќи дека актуелната власт изградила „антикултура на неказнивост и дрско богатење“
„Направија да биде нормално да треба да се даде мито за обичен документ кој по закон ви следува. А тендерите и милионите од државните работи завршуваат во приватни џебови. Илјадници луѓе се заглавени со кредити и чувствуваат несигурност. Живот на рати. А иднината на сите ја одземаа со лошите договори, со рушењето на преговарачките позиции и влезот во слепата улица каде нема ЕУ. Нема човек што е задоволен од оваа власт и нема човек што има надеж дека може нешто со овие исти луѓе, со иста матрица и карактер да се смени нешто. Овие седум години зависеа од нив, а следните 4 зависат единствено од тебе. Од сите нас. Сега повеќе од кога било порано ќе ви кажам дека – Важно е!“,
се вели во соопштението.
