Врз основа на одземените документи, косовската полиција потврди дека терористичкиот напад бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово преку координиран напад на 37 различни позиции. Би следувало формирање коридор кон Србија за да се овозможи снабдување со оружје и војници, напиша Курти на Твитер

Косовската полиција потврдила дека „терористичкиот напад“ во Бањска, Општина Звечан, бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово, објави денеска косовскиот премиер Албин Курти на својот твитер-профил.
„Врз основа на одземените документи, косовската полиција потврди дека терористичкиот напад бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово преку координиран напад на 37 различни позиции. Би следувало формирање коридор кон Србија за да се овозможи снабдување со оружје и војници“,
напиша Курти на Твитер.
Based on confiscated documentation, @Kosovo_Police have confirmed that the terrorist attack was part of a larger plan to annex the north of Kosova via a coordinated attack on 37 distinct positions. Establishing a corridor to Serbia would follow, to enable supply of arms & troops.
— Albin Kurti (@albinkurti) October 2, 2023
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска на прес-конференција изјави дека целта на „терористичкиот напад на Србија“ во Бањска е анексија на северот на Косово, пренесоа косовските медиуми.
Според него, подготовките за нападот биле направени во Србија и дека тоа може да се види од беспилотните летала запленети од групата.
Во нападот на група Срби на 24 септември, предводена од потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, беше убиен косовски полицаец, а потоа косовската полиција во, како што рече, „антитерористичка операција“ ликвидира четворица напаѓачи и уапси уште шестмина.