Патеката долга 42 километри, Киплагат ја истрча за два часа, 15 минути и девет секунди и ја однесе победата на годинашното, деветнаесетто издание на Скопскиот маратон. Во трката учествуваа над 11 илјади учесници од 53 држави
Кениецот Виктор Киплагат е победник на Скопскиот маратон.
Патеката долга 42 километри, Киплагат ја истрча за два часа, 15 минути и девет секунди и во доминантен стил ја однесе победата на годинашното, деветнаесетто издание на Скопскиот маратон.

Втор до целта стигна неговиот сонародник Чериот Лабан со време од два часа, 16 минути и три секунди. Трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски со резултат од два часа, 19 минути и осум секунди.
Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со време од два часа, осум минути и 48 секунди.

Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женската и Бен Фелтон од Велика Британија во машката конкуренција.
На годинашното деветнаесетто издание на Скопскиот маратон учествуваа над 11 илјади учесници од 53 држави.
Поради одржувањето на трката, денеска во центарот на Скопје беше воведен посебен сообраќаен режим кој ќе трае до 15 часот. По изменети траси сообраќаат и дел од автобусите на ЈСП, а дел се целосно исклучени од сообраќај.
Одржувањето на Скопскиот маратон 2023, покрај генералниот спонзор „Визер“, го помогнаа покровителите Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Канцеларијата на ЕУ, Македонскиот олимписки комитет и други спонзори.
