Од недела синоптичарите најавуваат поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и во понеделник, најавуваат од Упрвата за хидрометеоролошки работи
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 Целзиусови степени.
Во следните два дена, според УХМР, не очекува претежно сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Од недела синоптичарите најавуваат поглема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а темепратурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и во понеделник, најавуваат од Упрвата за хидрометеоролошки работи.
