Најпогоден од полавите во Либија е пристанишниот град Дерна. Голем дел од градот, каде што живеат околу 100 илјади луѓе, е под вода откако се урнаа две брани и четири моста. Уништени се голем број домови и патишта, а само во овој град, според досегашните проценки, загинале над 1 500 лица
Над 2 000 луѓе загинаа, а повеќе од 10 000 други се водат за исчезнати по невремето кое предизвика катастрофални поплави во источна Либија. Црвениот крст предупреди дека бројот на загинати се очекува драстично да се зголеми поради големиот број исчезнати лица.
„Нашите тимови се на терен и сè уште проценуваат, но според она што го гледаме и според вестите што ги добиваме, бројот на загинати е огромен“,
изјавил Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Либија.
Најпогоден од полавите во Либија е пристанишниот град Дерна. Голем дел од градот, каде што живеат околу 100 илјади луѓе, е под вода откако се урнаа две брани и четири моста. Уништени се голем број домови и патишта, а само во овој град, според досегашните проценки, загинале над 1 500 лица.
Властите во источна Либија ја прогласија Дерна за „град на катастрофата“.
„Не претерувам кога велам дека 25 отсто од градот го нема. Многу, многу згради се урнаа. Катастрофално е. Телата лежат насекаде – во морето, во долините, под зградите“,
изјавил Хихем Цкиуат, министер за цивилно воздухопловство и член на Комитетот за вонредни состојби за Ројтерс.
Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис, пак, ја опиша ситуацијата во Либија како „несреќа од епски размери“.
Разорните поплави се последица на медитеранската бура Даниел што ја зафати Либија во неделата. Покрај Дерна, која е најтешко погодена, невремето ги зафати и источните градови Бенгази, Соуса и Ал-Марџ.
Libyan Minister of Health expects the number of hurricane victims to rise to 10,000 and the missing to reach about 100,000- According to Libyan Media.#Lybia pic.twitter.com/I11XTgYuFo
— Lalit Dubey (@lalitdubey1507) September 12, 2023