Вчера и американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека изборите на украинските територии под руска окупација се „лажни и нелегитимни“. Руската амбасада во САД, пак, денеска возврати дека Вашингтон се меша во внатрешните работи на Русија
Русија одржува регионални избори, вклучително и во четири украински региони кои не ги контролира целосно – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, што беше причина денеска украинското Министерство за надворешни работи (МНР) да ги осуди „лажните избори“ истакнувајќи оти тие грубо го нарушуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и меѓународното право.
„Руските лажни избори на привремено окупираните територии се ништовни. Тие нема да имаат никакви правни последици и нема да доведат до промена на статусот на украинските територии под окупација на руската армија“,
реагира украинското МНР.
Официјален Киев ги повика и меѓународните партнери да го осудат гласањето и да не ги признаат изборните резултати.
Вчера и американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека изборите на украинските територии под руска окупација се „лажни и нелегитимни“. Руската амбасада во САД, пак, денеска возврати дека Вашингтон се меша во внатрешните работи на Русија.