При претресот во домот и другите простории на З.И. полицијата нашла шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2 500 куршуми различни калибри од 9, 7.62 и 6.35 милиметри и 64 пиротехнички ракети

Во домот на 49-годишниот З.И. од селото Слупчане полицијата пронашла повеќе парчиња оружје и муниција. При претресот во домот и другите простории на З.И. полицијата нашла шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2 500 куршуми различни калибри од 9, 7.62 и 6.35 милиметри и 64 пиротехнички ракети.
По откривањето на оружјето, од полицијата велат дека З.И. е приведен во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
„Денеска (07.09.2023) во 14:30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во село Слупчане, општина Липково. При претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка ‘екол’ со оптика за пушката, околу 2 500 куршуми различни калибри од 9, 7.62 и 6.35 милиметри, 64 пиротехнички ракети. З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово“,
се наведува во полицискиот извештај.
