Кинеската амбасада во земјава денеска донираше 30 000 евра за Македонија за справување со пандемијата со коронавирусот.
Средствата се собрани од страна на Кинеската амбасада, а наскоро се очекува во земјава да пристигне и донацијата од кинеската влада.
„Донацијата е подготвена, само треба да се договорат техничките детали околу преносот. Кога Кина ги преживуваше најтешките моменти, вашиот претседател и Министерството изразија голема поддршка. Затоа сега е момент да направиме нешто и ние за вас“,
истакна кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо.
Министерот Венко Филипче изрази благодарност за донацијата и рече дека би било добро да разменат искуства со кинески епидемиолози и инфектолози бидејќи вирусот во Кина е веќе во поодмината фаза.
„Свесни сме дека има голема побарувачка на заштитна опрема секаде во светот и затоа сме благодарни за оваа помош. Би било добро на кој било начин да направиме некаква релација со епидемиолози или инфектолози од Кина бидејќи таму вирусот е во поодмината фаза“,
рече Филипче.