Во трката за 80 пратеници ја изгубија кохезијата и поддршката од пратениците од власта зашто на сите и во СДСМ им е јасно дека предлогот е штетен и дека бугарскиот диктат не треба да се исполни, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денешните случувања во Собранието и прес-конференцијата на премиерот Ковачевски
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сликата од прес-конференцијата на премиерот Ковачевски кој беше придружуван од сите министри во Владата покажа дека тие се нервозни и исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина на сметка на иднината на државата. Велат дека наместо да зборува за ВМРО-ДПМНЕ, требало да зборува за слепата улица во која тој ја довел државата, но и да се извини за лагите кои биле пласирани во текот на целата година дека Владата има мнозинство за уставни измени и дека опозициската партија прифатила такво нешто.
„Навистина е неважно што мисли Ковачевски во државата бидејќи тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна. Во трката за 80 пратеници ја изгубија кохезијата и поддршката од пратениците од власта зошто на сите и во СДС им е јасно дека предлогот е штетен и дека бугарскиот диктат не треба да се исполни.
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Решението е едно: оставка и избори”,
Премиерот Ковачевски претходно на прес-конференција рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не покажа ниту еден аргумент и причина за да се блокира процесот на уставни измени, туку само покажале дека тие со голема леснотија се спремни да ја блокираат европската иднина само за лични цели.
„Ако тие не знаат да дебатираат дома, како да очекуваме дека ќе аргументираат и дебатираат надвор со меѓународна заедница. Нивна цел е да не преговараат за нов договор, туку да блокираат, но сега нема простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ”,
вели Ковачевски.
Но и покрај опструкциите, премиерот рече дека нивната проевропската влада ќе направи сè за да ја тргне блокадата кон патот на ЕУ и нема да дозволи иднината на граѓаните да биде блокирана од ВМРО-ДПМНЕ.