Министерката за одбрана Славјанка Петровска очекува одговори од општините во врска со иницијативата за поставување споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила.
Таа изјави дека од ова не сака да прави медиумска атракција, ниту да го користи за популистички цели.

фото: „360 степени“/архива
„Ако кој било од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира, може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја“,
кажа во изјава за ТВ Канал 5 министерката Петровска.
Петровска дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја.
„Не е идејата ниту да се надмудруваме ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми“,
нагласи Петровска.