Како резултат на зголемена фреквенција на возила поради годишните одмори, на двата најфреквентни гранични премини во земјава, времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На другите гранични премини сообраќајот се одвива непречено
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека утрово на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.