На некои места се очекува да има интензивни врнежи од дожд, а ќе има услови и за град. Се очекуваат и силен ветар и силни електрични празнења
Сончево и топло време со засилен ветер ќе има во земјава утре во претпладневните часови, а во попладневните и вечерните часови нè очекува невреме.
Според најавите од УХМР, почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и времето ќе стане нестабилно со пороен дожд и грмежи. На некои места интензивниот дожд се очекува да наврне над 20 литри вода на квадратен метар за шест часа, а ќе има услови и за појава на град, како и за поинтензивни електрични празнења и силен ветар.
Утринската температура, пак, ќе биде во интервал од 14 до 22 степени, додека дневната максимална ќе се движи од 31 до 38 степени.
Од недела, пак, ќе следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.