Нискостеблеста шума, стрништа и стари гуми биле зафатени од голем пожар што избувнал денеска околу 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица.

Како што информираа од ТППЕ – Струмица, пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари. Посочуваат дека пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.

Причинета е значителна материјална штета, а екипите сè уште се на терен и работат на целосно гаснење на пожарот.
