За утре УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на целата територија на земјата. Невремето се очекува во попладневните и вечерните часови
Сончево и многу топло со мала локална облачност – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нѐ очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Температурите во главниот град денеска ќе се движат во интервал од 20 до 39 Целциусови степени.
За утре, пак, УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на целата територија на земјата. Невремето се очекува во попладневните и вечерните часови.