Од банката додаваат дека континуирано ја следат ситуацијата и се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите и услугите на Visa и MasterCard
Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент, смируваат од Народната банка откако Македонската банкарска асоцијација (МБА) објави дека дел од услугите на брендовите на картичките VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија.
„Ја информираме јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Visa и MasterCard. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките“,
велат од Народната банка.
Оттаму додаваат дека континуирано ја следат ситуацијата и се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите.