Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира рекорден пад на бруто-домашниот производ (БДП) во еврозоната во текот на годината поради пандемијата предизвикана од новиот коронавирус.
ММФ предвидува намалување за 7,5 проценти на БДП во еврозоната, наспроти предвидувањата во 2019 година за раст од 1,2 отсто во 19 земји со единствена валута.
Според прогнозите на ММФ, се очекува пад на економиите во целиот свет.
„Пандемијата со ковид-19 предизвикува зголемени човечки трошоци ширум светот, а неопходните мерки за заштита сериозно влијаат врз економската активност. Како резултат на пандемијата, се очекува глобалната економија нагло да се намали за-3 проценти во 2020 година, што е многу полошо од времето на финансиската криза во 2008-2009 година“,
се наведува во најновиот извештај на ММФ.
Притоа се посочени неколку можни сценарија. Во основно сценарио, под претпоставка пандемијата да почне да згаснува во втората половина на годинава и постепено да се ублажуваат ограничувањата, глобалната, глобалната економија се предвидува да порасне за 5,8 проценти во 2021 година, како што ќе се нормализира економската активност, помогната од политичката поддршка.
Сепак, остануваат големи ризиците од уште потешки исходи. Ефективните политики, како што се посочува во извештајот на ММФ, се неопходни за да се предвиди можноста за полоши исходи, а неопходните мерки за намалување на заразата и заштита на животите се важна инвестиција за долгорочно здравје на човекот. Бидејќи економскиот исход е специфичен во специфични сектори, креаторите на политиките треба да спроведат значителни и таргетиран фискални и монетарни мерки за поддршка на засегнатите домаќинства и бизниси на домашен терен.
И на меѓународно ниво, како што се посочува, силната мултилатерална соработка е од суштинско значење за надминување на ефектите од пандемијата, вклучително и за да им се помогне на финансиски ограничените држави кои се соочуваат со двојни здравствени и финансиски шокови.