Инцидентот, како што велат од партијата, се случи само неколку часа откако потпретседателот на БЕСА, Фатмир Лимани, во медиумите откри информации за сомнежите за криминал и корупција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговото семејство. На оние што се 20 години на власт и го угнетуваат народот, не им значи ништо да се запали автомобил за да се оттргне вниманието од вистинските проблеми на граѓаните, велат оттаму
Движењето БЕСА верува дека палењето на автомобилот во Чаир, кој се поврзува со првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, не е случајно.
Инцидентот, како што велат од партијата, се случи само неколку часа откако потпретседателот на БЕСА, Фатмир Лимани, во медиумите откри информации за сомнежите за криминал и корупција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговото семејство, како и нови информации кои постојано ги откриваат медиумите.
„На оние кои се 20 години на власт и го угнетуваат народот, не им значи ништо да се запали автомобил за да се оттргне вниманието од вистинските проблеми на граѓаните“,
велат од БЕСА.

Од БЕСА денеска преку писмено соопштение го повикаа првиот вицепремиер Груби наместо да лее крокодилски солзи, да излезе на прес-конференција и да ги разјасни причините околу палењето на автомобилот.
Од партијата го повикаа вицепремиерот да одговори на три прашања:
„Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат ‘сметките со него’? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата.
се наведува во соопштението на Движењето БЕСА.
Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.
И трето, тоа што својот луксузен автомобил го има регистрирано на туѓо име, Артан Груби мора да даде отчет и за тоа колку други имоти сокрил на туѓо име, и во име на членови на неговото семејство и други доверливи луѓе. Доколку Груби не го направи ова, ги повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да започнат истраги за Артан Груби врз основа на нивните надлежности“,
БЕСА во соопштението ги повикува и функционерите од Алијанса за Албанците (АА) да дадат отчет пред граѓаните за, како што велат, молчењето за сите сомнежи за криминал што се појавија за ДУИ и за нејзиниот лидер.
„Го повикуваме раководсвтото на АА да го слушаат гласот на граѓаните и нивните поддржувачи, а не Артан Груби. Се надеваме дека Груби со помош на АА, наместо да ја игра улогата на жртва, ќе се појави во јавноста за да ги разјасни причините за палењето на автомобилот“,
додаваат од партијата.
Откако дел од медиумите го поврзаа опожареното возило со вицепремиерот, Груби не демантираше дека приватно го користел возилото иако тоа се води на име на друго лице. Во реакцијата која ја објави на Фејсбук, Груби вели дека станува збор за негов пријател. Вицепремиерот признава и дека инцидентот е порака до него.
Со оглед на тоа што „аудито“ е во сопственост на извесен Б. Л., а Груби го користел, нејасно е каков аранжман имал Груби со, како што го нарекува, пријателот за користење на автомобилот.
Поврзани вести:
- По инцидентот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори постапка за прикривање на имот против Груби
- Владата го осуди палењето на возилото кое го користел Груби: Се постапува за целосно расчистување на случајот
- СДСМ: Палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Груби е недозволиво
- АА: Палењето на возилото на Груби е вандалски напад, треба да биде осуден од сите и покрај политичките разлики
- Османи и Бектеши го осудија „палењето на возилото и обидот за напад врз Груби”
- Груби не демантира дека го користел опожареното возило и дека инцидентот е порака до него
- Опожарено возило во Чаир, повеќе медиуми го поврзуваат со вицепремиерот Груби