Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (13 април 2020 г.):
-Во струшко Лабуништа е раздвижено и по пет починати и 20-ина заразени од коронавирусот: едни признаваат дека мерките не се почитуваат, други велат – не 100% туку 150% се спроведуваат;
-Колкумина од пациентите на респиратор преживуваат, зошто вирусот ги засега не само белите дробови туку и бубрезите, црниот дроб, срцето, мозокот – зборуваат инфектологот Илир Демири и пулмологот Дејан Докиќ;
-Изолацијата и социјалната дистанца се единствена ефективна мерка против коронавирусот – докторски совет од Иво Бошкоски од поликлиниката „Агусто Џемели“ од Рим, кој секојдневно третира пациенти болни од ковид-19;
-Колку се почитуваат безбедносните протоколи во битолската болница – регионален центар за ковид-19;
-Како функционира вонредната достава на храна и лекови за време на полицискиот час и за повозрасните граѓани;
-Апликацијата „СтопКорона“ е достапна за инсталирање; Фондот за иновации избра неколку идеи што може да се од помош во актуелната борба со вирусот;
-„Саботажа“.