На другите премини од македонска страна, пак, нема поголеми задржувања
Зголемена фреквенција на возила и утринава има на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

За излез од државата на овие два гранични премини се чека околу половина час.
На другите премини од македонска страна, пак, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.