На другите гранични премини нема поголеми задржувања од македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, зголемен е интензитетот на патните правци надвор од градските средини, а поголема фреквенција има и на два гранични премини, информираше АМСМ.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини ’Табановце‘ и ’Богородица‘ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути“,
пишува во утринскиот извештај на АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, пак, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.