Истрагата треба да открие дали автомобилот сам се запалил поради некои неисправности или станува збор за намерно палење на возилото на началникот на СВР Штип
Во текот на изминатата ноќ, на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“, настанал пожар на автомобил марка „ауди 5“ чиј сопственик е началникот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, Боби Гидиоски.
Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата стигнала од граѓанин во 3:01 часот.
Веднаш била повикана Територијалната противпожарната единица Штип чии пожарникари интервенирале и не дозволиле огнените јазици да ги зафатат другите паркирани возила.
Во тек е увид на местото каде што е опожарено возилото.
Истрагата треба да открие дали автомобилот сам се запалил поради некои неисправности или станува збор за намерно палење на возилото на началникот на СВР Штип.