Досега е познато дека две маскирани лица на мотоцикл, вчера околу 3:30 часот утрото, се приближиле до вилата во Ханиоти, која Оки ја изнајмувал заедно со пријателите, и испукале најмалку 19 куршуми, при што тој е убиен, а со повреди е хоспитализиран еден од неговите пријатели – 45-годишниот Сеад Слезовиќ
Вчерашното убиство на Орхан Бајрами-Оки во Грција било претходно најавено на платформата Тик-ток. Профилот од кој била најавена ликвидацијата повеќе не е достапен. Таму, наводно, повеќе од една година биле најавувани и други ликвидации, објави порталот 4NEWS.mk.

На објавата пишувало дека тој е следен на листата за ликвидација, а потоа и дека работата е завршена.
Засега не е познато кој стои зад профилот и дали тој има директна поврзаност со убиството.
Инаку, грчката полиција сè уште трага по егзекуторите на Оки.
Полицајци кои сакале да останат анонимни, бидејќи не се овластени да зборуваат официјално за случајот, за Асошиејтед прес изјавиле дека веруваат оти станува збор за нарачано убиство.
Досега е познато дека две маскирани лица на мотоцикл, вчера околу 3:30 часот утрото, се приближиле до вилата во Ханиоти, која Оки ја изнајмувал заедно со пријателите, и испукале најмалку 19 куршуми, при што тој е убиен, а со повреди е хоспитализиран еден од неговите пријатели – 45-годишниот пријател Сеад Слезовиќ.
Жртвата Орхан Бајрами-Оки е претставен како сопственик на казино, вклучен и во бизниси со трговија на пијалаци. Домашните медиуми јавија дека тој е неформален водач на криминалната група Дуќанџик.