Отстранети се и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини
Што се однесува на прашањето, зошто 11 месеци се чекало за да се изречат решенија за отказ, еве една кратка лекција: За разлика од бандитското однесување на кое сме сведоци три децении во институциите, ние спроведовме детална анализа како и ревизија пред да ги донесеме овие решенија. Поднесени се и кривични пријави, и испочитувана е цела постапка со цел во иднина овие луѓе да не можат повторно да наштетуваат на претпријатието и граѓаните на град Скопје, велат од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

По тридневната блокада на јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, вработените во текот на последниве два дена, досега собрале вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини низ главниот град.
Оттаму соопштија дека отстранети се и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини.
„Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП ‘Комунална хигиена-Скопје’ продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, утврдена со Оперативната програма за работа на Претпријатието. Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини“,
се вели во соопштението на претпријатието.
Сепак, во делови од Скопје отпадот сe уште не е целосно собран, па граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека од ѓубрето се шири неподнослива миризба, а стравуваат и од зараза. На некои места пак, во текот на денов со дополнителна механизација се расчистуваат купишта смет.


Скопје се соочи со комунален хаос од 7 до 10 јули, откако вработените го блокираа претпријатието и не излегоа да го собираат сметот низ градот.
Блокадата е резултат на неостварените барања на вработените за усогласување на платите со порастот на минималната плата, исплата на К-15 и бенифициран стаж. Тие порачаа дека ќе го собираат сметот за д аим излезат во пресрет на граѓаните поради најавените високи температури, а правата ќе си ги бараат институционално.
Од друга страна, на „триумфална“ прес-конференција, директорката на „Комунална хигиена – Скопје“, Косана Мазнева и градоначалничка Данела Арсовска порачаа дека се справиле со мафијашките структури, кои го држеле во заложништво и претпријатието – и градот.
„Гледам мафијаши, ѓубре товариме, а мафијаши. Имаат право да нѐ обвинат за сѐ кога луѓето работат 365 дена, а не добиваме ни денови за одмор. Нека им служи на чест“,
им одговори избрканиот комуналец Дардишта, а вчера се обелодени информацијата дека 27 луѓе добиле отказ.
Проблемот со сметот и денеска е главна тема за препирки меѓу скопските градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.
Првиот човек на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска на прес-конференција кажа дека Арсовска нема надлежност да го казни со најавените 90 илјади евра, оти сметот насобран низ неговата општината самоиницијативно одлучи да го истури пред капијата на депонијата Дрисла.
„Срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“,
му реплицираше Арсовска.
На прес-конференцијата на Ѓорѓиевски реагираа и од јавното претпријатие. Велат дека целта на блокадата било да се изврши притисок врз раководството на претпријатието за задржување на, како што велат, „семејни кланови“ кои одработуваат за „политичката банда“, на која припаѓа и Ѓорѓиевски.
„Што се однесува на прашањето, зошто 11 месеци се чекало за да се изречат решенија за отказ, еве една кратка лекција: За разлика од бандитското однесување на кое сме сведоци три децении во институциите, ние спроведовме детална анализа како и ревизија пред да ги донесеме овие решенија. Поднесени се и кривични пријави, и испочитувана е цела постапка со цел во иднина овие луѓе да не можат повторно да наштетуваат
се вели во реакцијата на „Комунална Хигиена – Скопје“.
на претпријатието и граѓаните на град Скопје. Жалиме што мораме да констатираме, но, овој пат се преигравте“,