Во моментов мерка притвор во битолскиот затвор издржуваат вкупно 18 лица кои треба да бидат распоредени во притворските одделенија во затворите низ другите градови
Денеска попладне избувнал пожар во затворот во Битола, а чадот стигнал до сите ќелии каде се наоѓаат притвореници.
Од службите во Управата за извршување на санкции ја потврди информацијата и велат дека огнот бил бргу изгаснат.
Според неофицијални информации на „360 степени“, најверојатно пожарот бил намерно предизвикан од еден од притворениците. Чадот бргу се разнел до останатите ќелии и простории на катот преку централниот систем за вентилација.
Во битолскиот затвор во делот каде избувнал пожарот се сместени притвореници, а во моментов мерка притвор таму издржуваат вкупно 18 лица. Се очекува, по наредба на судот, тие да се распоредат во притворски одделенија во останатите затвори низ земјава.
Официјални информации и повеќе детали за пожарот се очекуваат во текот на утрешниот ден.