Додека дневната ќе биде над 40, утринската температура, пак, во Скопје и во некои други делови од државава нема да се спушта под 20 Целзиусови степени
Период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата, најавува УХМР за следните денови.
Од среда, според најавите, ќе биде портокалово ниво на опасност од високи температури, односно на некои места тие ќе се искачат над 40-тиот степен.
„Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени“,
најавува УХМР.
За утре, пак, се најавува сончево и топло време, но со слаб до умерен ветер.