„Војната во Украина останува наш врвен приоритет, но високо на нашата агенда се сите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ што директно влијаат на животот на луѓето. Затоа од исклучителна важност е да ги активираме сите механизми и капацитети на ОБСЕ со цел да го поддржиме мирот и соработката“, рекол Османи
Обединети сме во поддршката на Украина и Украинците кои страдаат и одлучно ги осудуваме руските воени злосторства и оттука – ја повикуваме Руската Федерација веднаш да го прекине огнот.
Ова е дел од видеообраќањето на министерот за наворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, за време на летната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што се одржува во Ванкувер, Канада.

„Нема да правиме компромис со овие принципи. Суштински дијалог може да се води само во линија со овие принципи и во согласност со меѓународното право“,
рекол Османи во своето обраќање на летната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Како претседавачи со ОБСЕ, нагласил Османи, целта ни е да бараме начини за враќање на дијалогот.
„Војната во Украина останува наш врвен приоритет, но високо на нашата агенда се сите долготрајни конфликти и нестабилност во регионот на ОБСЕ што директно влијаат на животот на луѓето. Затоа од исклучителна важност е да ги активираме сите механизми и капацитети на ОБСЕ со цел да го поддржиме мирот и соработката“,
додал Османи.
Пред околу триста делегати на Парламентарното собрание на ОБСЕ, тој уште еднаш ги претставил приоритетите на претседавањето на С Македонија со Организацијата и побарал политичка посветеност и иницијативи што заеднички ќе придонесат за зајакнување на демократијата и парламентарната дипломатија во регионот на ОБСЕ.