Бројот на смртни случаи од коронавирус се искачи на 100 илјади лица ширум светот. Бројот на заразени пак е околу 1 милиони и 600 илјади, според „Ворлд о метерс“.
Првата смрт од новиот вирус беше регистрирана во кинескиот град Вухан на 9 јануари. Потребни беа точно 83 дена за да се регистрираат 50 илјади починати и само уште осум денови плус за бројката да надмине 100 илјади.
Како што пишува Ројтерс, бројката е слична кога во времето на големата чума во Лондон во 1660 година, кога починале околу 100 илјади лица или во тоа време една третина од населението во градот.
Но, оваа бројка, за среќа е многу помала од таканаречениот шпански грип, кој започна во 1918 година и се проценува дека убил повеќе од 20 милиони луѓе низ светот.
За новиот коронавирус се верува дека се појави на пазарот за диви животни во Вухан и брзо се рашири низ Кина и низ целиот свет.