Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена борец“, каде што во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците
Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на „Скопје Прајд“.
Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена борец“, каде што во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
